Субвенции за инсталирање на системи за греење, намалување на ДДВ за печки и пелети, субвенции за набавка на електрични возила. Сите овие погодности се дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ
-Ќе обезбедиме и субвенционирање на греење со пелети, со што ќе има субвенции за купување печки на пелети, намалување на ДДВ-то за печките и пелетити, а ќе се субвенционира и инсталирање на системи за греење во големи објекти кои вршат јавни дејности – рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски на големиот митинг во Скопје.
Тој најави субвенции и за набавка на електричните возила, вградување плински системи во возилата
-Предвидуваме субвенции за набавка на електрични возила, како и субвенции од 300 евра за вградување на плин со цел намалување на штетните издувни гасови. За сите оние кои што сакат да купат електричен автомобил, ќе ја намалиме цената на електричните автомобили преку ослободување од царина и намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 отсто. Дополнително, ќе субвенционираме купување електрично возило со доделување на неповратни 3.500 и 5.000 евра, во зависност од вредноста на возилото, а сопствениците на електрични возила нема да плаќаат паркинг, патарини и давачки за патишта при регистрација на возилата – најави Груевски, додавајќи дека за прв пат ќе се воведат и субвенции за весниците.
-За прв пат ќе воведеме субвенции за весниците. Со обзир на тоа што употребата на весници расте, порталите се повеќе добиваат на тежина и значење, весниците се потешко преживуваат. По теркот на Германија, Франција или други држави, каде што државата ги субвенционира весниците, Владата од 2018-та година ќе воведе субвенционирање на весниците – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди