Вие сте земјоделски крај и дел од вас работат земјоделие, а новата власт пред извесно време по изборите објавија дека земјоделски субвенции ќе добивале тие што имаат само поголем принос, а истото не го ветуваа и пред изборите, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот митинг во Кавадарци.
-Не секогаш е крив земјоделецот за малиот принос, некогаш временските прилики не го дозволуваат тоа, оваа година со грозјето е лоша ситуацијата. Ние додека бевме во Владата ветивме дека ќе дадеме помош за тешката година на лозарите и прецизиравме колку пари, од два декара до хектар 20 илјади денари, од пола хектар до хектар 15 илјади денари и од хектар по 10 илјади денари и за жал тоа не формиравме влада за да го реализираме тоа, а тие ветија дека оваа година ќе ги зголемат субвенциите за 10 проценти, но тие тоа не го направија и тоа е помрачувањето, вели Груевски.
Тој истакна дека тие како партија имале предвидено големи планови за покривање на големите трошоци на земјоделците.
-Тука спаѓаа и капка по капка системот за кои планиравме покривање до 80 проценти на трошоците, исто така за набавка на високоприносен добиток ќе добивавте 80 проценти на покриени трошоци за набавка на трошоците, ќе се добиеја исто така советници кои што ќе ги плаќаше државата и тие ќе даваа најдобри проекти за земјоделците. Требаше да се изгради и голема земјоделска берза каде ќе се носеа земјоделските производи за продажба на големо од цела Македонија, но ништо од тоа. Сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде сепак на власт по 15 октомври и повторно ќе огрее сонце над Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски