Здравствената заштита на граѓаните е приоритет на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тие досега многу инвестираа во оваа област, а грижата продолжува и понатаму.
-Во Скопје, ќе изградиме целосно нов комплекс клиники „Мајка Тереза“. Оние што ќе останат надвор од тој објект ќе се реновираат. Предвидуваме обновување на Универзитетската клиника за кардиологија, реконструкции во Универзитетска клиника за инфективни болести, Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје, градската општа болница „8 Септември“, а ќе се реконструираат амбулантите во Сарај, Бардовци, Лисиче, Ѓорче Петров, Бутел, Карпош, Илинден, Шуто Оризари, Чаир и Влае. Ќе извршиме набавка на 1.317 нови најсовремени медицински апарати за здравствените институции со вкупна вредност од преку 13 милиони евра за здравствените установи во Скопје – најави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.