| четврток, 6 декември 2018 |

Алиоски продолжува со добрите игри во Лугано (видео)

alioski

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски продолжи да игра во добра форма во Швајцарија. Тој беше асистент за неговиот тим Лугано, меѓутоа швајцарскиот прволигаш доживеа дебакл на гостувањето кај Вадуз (5-1).

Лугано претрпе убедлив пораз и веќе четврти меч по ред доживеа неуспех, а за единствениот погодок Алиоски успеа да асистира. Македонецот доби топка на средината на теренот и тргна кон противничкиот гол, меѓутоа забележа дека Мариани е сам на десната страна, па го проигра, а тој ја стресе мрежата на домаќинот за 2-1. Меѓутоа, во продолжението од мечот Лугано прими три гола во својата мрежа.

Екипата на Лугано се наоѓа на осмото место во швајцарската Супер лига со 16 бода, а во наредното коло ќе има одлична можност да забележи резултатски успех затоа што е домаќин на Тун.


FC Vaduz 2:1 FC Lugano (Swiss Super League 16… by BundesligaHD

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top