По две седмици пад на светската ВТА ранг листа, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, одново направи прогрес. Најдобро рангираната македонска тенисерка изминатата седмица им се врати на победите на ИТФ фјучерс турнирот во Валенсија и на најновата ранг листа напредна едно место.
Минатата седмица Ѓорческа беше рангирана како 206. тенисерка во светот, а денес е едно место погоре, на 205. позиција во поединечна конкуренција. Во двојки, Ѓорческа остана како 136. рангирана.
Магдалена Стоилковска одново бележи пад на светската ВТА ранг листа во поединечна конкуренција. Стоилковска оваа седмица е осум места подолу, на 1174. место додека во конкуренцијата на двојки напредна исто толку места и сега се наоѓа на 1076. позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.