Денеска за сите православни верници почнува божикниот пост, кој подразбира воздржување од мрсна храна, лоши мисли и дела во наредните 40 дена.
Постот подразбира воздржување од храна, лоши мисли и страсти во одреден временски период. Целта на постот е да се исчисти душата и телото, а во божикните пости се подготвуваме за најрадосниот празник – раѓањето Христово, односно Божик.
Во текот на овој пост не се јадат намирници од животинско потекло, но дозволени се зејтин и вино, во сите денови, освен во среда и во петок, кога е строг пост. Риба се јаде секоја сабота и недела како и на празникот Воведување на пресвета Богородица, дури и ако празникот падне во среда или во петок.
По постот, кој трае шест недели, верникот пристапува на светите тајни на исповедта, покајание и причест. Меѓутоа, постот не се состои само од воздржување од храна и пиење, туку и од одрекување од зли мисли, желби и дела.
Поради тоа би требало да се потрудите да правите добри дела, редовно да се молите, да помагате на другите и да живеете по христијанските правила.
Доколку се придржувате на овие насоки, тогаш вашиот пост, навистина, ќе биде успешен!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Време е да им простите на сите и со чисто срце да го почнете постот: Денеска ги славиме Божиќните поклaди!
-
Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници
-
Протоереј Александар Илијашенко: Овие 10 нешта треба да ги направите пред крајот на великиот пост
-
Втор ден од Чистата недела: Како правилно се пости и што не смее да се јаде