| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници

Муслиманите утре изутрина во 3 часот и 10 минути го почнуваат постот по повод Рамазан Бајрам, еден од двата најзначајни муслимански празници.

Во наредните триесет дена, верниците ќе постат секој ден од изгревањето до заоѓање на Сонцето.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Целта на постот е богобојазливоста која во себе вклучува свест за Алах и правење добри дела. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

Рамазан е празник кој секоја година се поместува за 10 дена напред. По рамазанскиот пост следува Рамазан Бајрам, кој годинава е на 15 јуни и се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите.

Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top