Денеска правослвната црква и нејзините верници го одбележуваат празникот посветен на Светиот апостол Филип, како и Божиќните поклади-последен ден кога е дозволено да се јаде месо годинава.
Имено, утре почнува Големиот божиќен пост, кој ќе трае се до празникот на Христовото раѓање, 7 јануари.
Поклади се ден на простување и веселба. Се сметало дека во периодот на постот треба да се влезе без грев. Во домаќинствата на денешен ден се поставува мрсна трпеза, за богата гозба пред постот.
Божиќниот пост е востановен за да пред Христовото раѓање се исчистиме со покајание, молитва и пост, како со чисто срце, душа и тело и стравопочитување би го дочекале Синот Божји кој се јавил на светот и за да покрај обичните дарови и жртви, му се принесат чисто срце и желба да го следиме неговото учење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Почнува рамазанскиот пост за муслиманските верници
-
Протоереј Александар Илијашенко: Овие 10 нешта треба да ги направите пред крајот на великиот пост
-
Втор ден од Чистата недела: Како правилно се пости и што не смее да се јаде
-
Исчистете ги душата и телото и подгответе се за големиот пост: Ова не смеете да го јадете!