Анџелина Џоли е брутално насамарена – вака пишуваат повеќе светски медиуми во врска со одлуката на холивудската актерка да ги острани двете дојки поради опасност да заболи од рак.
Џоли се реши на ваков чекор затоа што лекарите ја убедувале дека има 87 проценти шанси да заболи од рак бидејќи поседувала наследен ген BRCA1. Сега, по операцијата, можноста била само 5 проценти.
Сепак, магазинот Натурал њуз пишува дека Анџелина била измамена од лекарите. Таа немала толку голем процент ризик да заболи од рак, а тоа го објаснуваат на следниот начин.
– Во реалниот живот секој од нас има микротумори во телото. Ракот не е нешто што ве затекнува или се добива. Ракот е нешто секојдневно се спречува со одбирање на начинот на живот, правилната исхрана и избегнувањето ризично однесување. Па, ако на некој му се каже дека има големи шанси да добие рак се претпставува дека таа личност нема контрола над болеста, што е лага. Дури и со нејзиниот наследен ген кој се поврзува со ракот можела да се придржува на диетален животен план и тоа не е тешко ниту некоја голема филозофија, пишува магазинот и додава дека Џоли, која е здрава 37 годишна жена имала повеќе шанси да умре на операциона маса при отстранување на градите, отколку од тумор на дојка.
Бизарната одлука на Џоли за остранување здрави органи како мерка на претпазливост ја споредуваат со опасноста кај мажите од рак на тестиси, кои сепак не ги острануваат предвреме затоа што една од основните принципи на медицината е да не се острануваат здрави органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.