| четврток, 6 декември 2018 |

Само бод за Барселона пред големото „Ел Класико“ (видео)

mesi

Втор едноподруго натпревар за Барселона во кој не успева да победи во Примера дивизија. Овојпат ремизирајќи (1-1) во 13. коло од Примера против Реал Сосиедад на гостувањето во Сан Себастијан.

Домашните поведоа со голот на Вилиан Хозе во 53. минута, а Лионел Меси извлече барем бод за својот тим со погодокот во 59. минута. До крајот остана поништен само еден гол на Суарез, поради офсајд позиција, и до крајот ништо друго од Каталонците.

По ова реми Барселона со 27 бода сега е на шест бода заостанување зад водечкиот Реал Мадрид, но каталонскиот гигант ќе има шанса да му се доближи на големиот ривал веќе следното коло кога на „Камп Ноу“ се игра големото „Ел Класико“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top