Во обидот да ја „разбранува“ модната индустрија, манекенката доживеала да ја потопи вистински бран, пишува Дејли Маил.
Кајтлен Дод, модел од Нов Јужен Велс во Австралија, имала непријатно искуство за време на снимањето на брег од морето.
Имено, додека позирала во бикини и се трудела да изгледа заводливо, огромен бран одеднаш ја потопил. Познато е дека фотографите, шминкерите и фризерите можат да направат чуда на сетот, но во ваквите ситуации нивните раце едноставно се врзани. Ова видео уште еднаш ни покажа дека модната индустрија не е секогаш толку гламурозна колку што изгледа.
Откако е објавено на Фејсбук страницата на локална телевизија, видеото успеало да собере многу лајкови и споделувања. „Како што вели изреката – никогаш не му го врти грбот на океанот“, се обидел некој да биде духовит во коментар под видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)