| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Мојот избор е Наполи

По веста објавена во италијанскиот весник Кориере дело спорт дека Монако сака да го купи македонскиот интернационалец Горан Пандев, најдобриот македонски фудбалер проговори за неговата фудбалска иднина во интервју за радио Марте, пренесува македонскиот поратал Суперспорт.

– Имам уште две години од договорот. Наполи е мојот животен избор, тука се чувствувам добро и имам многу добри односи со навивачите. Би бил многу среќен ако останат и Мацари и Кавани, па со три четири засилувања би се бореле за титулата. Претседателот Де Лаурентис вети дека ќе направи голем пазар летово, изјавил Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top