| четврток, 6 декември 2018 |

Талевски: Не игравме добро, но најважно е што победивме

filip-talevski

Филип Талески, најдобриот ракометар на Металург на мечот против Татран Прешов е задоволен од триумфот во ЛШ (26-20).

Младиот тим на Червар го надигра словачкиот тим вторпат сезонава, а крушевчанецот постигна вкупно десет гола. Воедно, тој ја искористи прес-конференцијата да му посака брзо враќање на терените на Филип Кузмановски, соиграчот од Металург и репрезентацијата кој се повреди на стартот на дуелот.

– Знаевме дека не чека тешка средба со Татран Прешов. На гостински терен кај нив имавме блесок, но тука беше спротивно. Тие го контролираа првото полувреме во кое ние бркавме резултат, голем пех беше и повредата на Кузмановски. Малку паднавме како тим, но потоа се собравме и одигравме добро. Не сме задоволни поради тоа што не одигравме на високо ниво како што се договоривме во одбраната, а нападот исто не беше солиден. Имавме доста избрзани технички грешки. Голманот Дарко Арсиќ ни даде крила, исто и публиката која доде во голем број и не поддржа – изјави Талески.

Следниот меч во ЛШ тимот на Металург го игра на гостински терен, кај Ла Риоха (3. декември).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top