Ќе биде завршен автопатот Кичево-Охрид, ќе започне на изградба на нов автопат Кичево-Гостивар, изградба на пат Кичево-Бошков мост-Дебар, изградба на пат од Македонски Брод преку поречје до Скопје, гасовод од Охрид до Кичево и од Кичево до Гостивар, 15 километри локални патишта во кичевско, две градинки, една школска спортска сала, две баскет игралишта, завршување на Болницата и опремување со современа опрема за сите граѓани на Кичево, ова го изјави во своето обраќање на митингот во Кичево носитлот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во ИЕ5, Антонио Милошовски.
-Бројот вечерва кажува една работа, победникот е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Кичево ќе победи за себе и за Кичевчани. Дозволете најпрвин да ги поздравам нашите поодржувачи од Дргово, од Осој и од Раштански пат, од Иванидол и Горица, од подварош и од Бела кула, од Пласница, од Прегово, од Лисичани, од Прегјани, Крушино, од цело Кичево. Овде пред вас стојат луѓе што ги познавате, луѓе што не ве изневериле, стојат луѓе кои што ве почитуваат, како граѓани, како народ, како Кичевчани, тука пред вас е претседателот на нашата партија, Никола Груевски кој што во 2004 година, кога врз грбот на Кичевчани, на Стружани, на Долненци, на Скопјани се прекрши политичкиот пазар за еден мандат властољубие на СДСМ беше заедно со вас со сите Кичевчани на протестите на магистралниот пат. И додека Груевски ги подржуваше Кичевчани во својот праведен протест, Радмила Шеќеринска викаше некои прашања не заслужуваат одговор, но тие кои што говореа дека некои прашања не заслужуваат одговор заслужија да го добијат и да го чујат гласниот одговор на 11-ти декември, нема бегање од одговорот на народот, нема бегање од гласот и вољата на народот. Две години ја чуваа Македонија во заложништво, во грч, во напнатост, сите луѓе станаа нервозни, институциите станаа понеефикасни, доживеавме дури и некои економски последици од тоа што две години си поигруваа со државата, прават штета и не се способни да ја признаат народната воља, но ќе мораат, рече Милошоски.
-Во 2013 година сите ние овде што сме собрани, сите Кичевчани направивме коалиција „Кичевчани за Кичево“ која што немаше политички бои, сите бевме заедно за доброто на градот и тогаш застанавме здружно и добивме поодршка и од Груевски и од ВМРО-ДПМНЕ и од цела наша коалиција. Но, господинот Заев нашата кичевска коалиција ја нарече голема политичка грешка. Почитувани пријатели, здружувањето на Кичевчани не е грешка, грешка е што господинот Заев се занимава со политика и мислам дека ќе можеме да го ослободиме од таа обврска на 11-ти декември. И сега повторно 2016 година, каков е односот на СДСМ кон Кичево, каков е односот на СДСМ кон своите сопартијци во Кичево? ВМРО-ДПМНЕ има четворица кандидати Кичевчани на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, двајца од нив се на добитна позиција, тоа е почит и уважување на цело Кичево, Кичево ќе ги има своите пратеници во македонското Собрание, додаде Милошоски.
-СДСМ има еден пратеник на 13-то место на недобитна позиција и гласачите на СДСМ се изневерени затоа што нема да имаат ниту свој опозиционен пратеник во македонското Собрание, тоа е потценувањето што СДСМ им го прави и на своите членови. Овде пред вас 2014 година на изборите каде што имавме кристално јасна победа, претседателот Груевски и ние како кандидати за пратеници ветивме и се обврзавме дека во Кичево ќе има поголема странска инвестиција. Во 2015 година после 30 години во Кичево се отвори фабрика, американска странска инвестиција, ветувањето беше исполнето. Денеска во „Ки Сејфти Системс“ во американската странска инвестиција во Кичево имаме 700 вработени, во времето на СДСМ ги броевме стечајците и отпуштените, во времето на ВМРО-ДПМНЕ ги броиме инвестициите и вработувањата. СДСМ ги затвори „Штрафара“, и „Копачка“ и „Керамички“ и многу други стопански капацитети, ВМРО-ДПМНЕ за прв пат отвора фабрики и нуди нови вработувања, истакна носителот на листата, Антонио Милошоски.
-2006 година кога за прв пат ја добивме довербата од Кичевчани во Заводот за вработување беа пријавени 8000 вработени лица, денеска 2016 година Заводот за вработување имаме пријавени 9600 лица. За 10 години сме успеале бројот на вработените да го зголемиме за 1600 лица, дирекни вработувања, тоа значи дека е прв пат во Република Македонија и во Кичево некоја политичка партија да го зголеми бројот на вработените и со тоа да го намали нашиот најголем проблем, невработеноста. И тоа што сакам да го кажам, беа многу убави и обраќањата и на коалиционите партнери од турската и од ромската партија, фабриките кои што ги отвараме, патиштата кои што ги градиме, пензиите кои што ги покачуваме, учебниците кои што се безплатни се еднакви повластици за сите, и за Македонци, и за Турци, и за Роми, и за Албанци, и за Срби, и за Бошњаци и за Власи. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која што работи за доброто на сите граѓани во Република Македонија. Сите тука имаме пријатели кои што од некаде дошле, од некое место, изградиле во Кичево куќа, палц или некој друг објект, денеска имаме заради законот на ВМРО-ДПМНЕ 3000 легализирани објекти, тие 3000 легализирани објекти беа проблем 30 години, но никој не донесе таков закон да ги ги реши, ги реши ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе работиме за решавање на проблемите на сите граѓани. Тој што ветил и тој што остварил на тој може да му се верува дека му држи зборот и за следните проекти и обврски што ќе ги превземе, додаде Милошоски.
Милошоски исто така го најави завршувањето на автопатот Кичево-Охрид, како и изградба на нов автопат Кичево-Гостивар, изградба на пат Кичево-Бошков мост-Дебар и многу други проекти од интерес на Кичево и регионот.
-Нашите обврски и проекти кои пред вас ги превземаме како обврска за развој на градот се следнве: Довршување на автопатот Кичево-Охрид, започување на изградба на нов автопат Кичево-Гостивар, изградба на пат Кичево-Бошков мост-Дебар, изградба на пат од Македонски Брод преку поречје до Скопје, гасовод од Охрид до Кичево и од Кичево до Гостивар, 15 километри локални патишта во кичевско, две градинки, една школска спортска сала, две баскет игралишта, завршување на Болницата и опремување со современа опрема за сите граѓани на Кичево и еден проект кој што е потребен за сливот на повеќе реки, правење на пречистителна станица во Кичево. Ова се проекти за сечие добро. ВМРО-ДПМНЕ е партија во која што секој може да го најде својот интерес и последниве денови, уплашени од сопствениот пораз гледаме дека претставниците на СДСМ се обидуваат да најдат спас во некои нарачани или штелувани анкети. Почитувани колеги од СДСМ, дозволете да ви дадам еден предлог, не штелувајте непотребно анкети, ние сите ќе имаме една најголема и веродостојна анкета, анкетата на народот на референдумот на 11-ти декември и дајте уште денеска да се договориме дека ќе ја признаеме народната воља и таа анкета која што ќе ни ја испорачаат граѓаните, порача Милошоски.
-Доста се вештачки кризи време е за реални проекти, не ни требаат нови менувања на уставот, не ни треба федерализација, ни требаат нови фабрики, нови автопати и нови работни места. Затоа за доброто на државата предлагам со СДСМ да се договориме уште денес, победениот да му ја признае победата на победникот, а победникот да подаде рака и да работи во интерес на сите граѓани и во интерес на националните интереси на Република Македонија, да не ги тормозиме веќе луѓето со политички кризи, туку да ја признаеме нивната воља и да работиме за нивните потреби и за нашата држава. Гледам дека СДСМ се труди да потенцира дека тие биле еднакви кон сите граѓани, во право се, СДСМ е во право. СДСМ еднакво затвораше фабрики во сите општини, СДСМ еднакво бркаше од работа и Македонци, и Албанци, и Турци и Роми, СДСМ еднакво создаде армија на невработени и на стечајци во целата држава. Тоа е еднаквоста што ни ја понуди СДСМ, затоа нашата порака денес до господинот Заев и до госпоѓата Шеќеринска е: Го продадовте Кичево, нема да ви заборавиме, нема да не скршите не се предаваме. Го продадовте Кичево ја продадовте Струга, овој народ нема да ви дозволи да ја продадете Република Македонија. Сите на 11-ти декември ќе станеме заедно да си ја одбраниме нашата единствена држава, порача носителот на листата во ИЕ5, Антонио Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)