Милан имаше лесна задача на гостувањето против Емполи и славеше со 1-4, доближувајќи се до лидерот Јувентус на четири бода негатива. „Старата дама“ утре и гостува на Џенова.
„Росонерите“ во водство дојдоа во 15. минута по голот на Лападула, за да тимот на Емполи се врати по само две минути по голот на Сапонара (1-1). До крајот на првиот дел Милан се закани преку Бонавентура и Лападула, Емполи возврати преку Сапонара, но на одмор се замина со 1-1.
Во вториот дел црвено-црните поведоа со голот на Сусо во 61. минута, а три минути подоцна авто голот на Коста донесе комотни 1-3 за „црвено-црните“. До крајот тимот од Милан доминираше и само со голот на Лападула во 78. минута на асистенција на Сусо ги постави конечните 1-4.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)