Најдобриот македонски каратист Дејан Недев освои и втор златен медал на Европското првенство во традиционално карате што се одржува во Крањска Гора. Претходно, Недев беше најдобар во изведба на кати, а второто злато го надоврза и во дисциплината кумите – борби.
Недев во финалето го совлада повеќекратниот европски и светски шампион, Италијанецот Леоне Матео, кој мораше да се задоволи со втората позиција. Третото место го поделија претставникот на Србија и на Чешка.
Овие резултати се историски и најголеми во кариерата на Дејан Недев, откако настапува на европските првенства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.