Аналитичарите во земјава ја потврдуваат веродостојноста на анкетата на Брима Галуп која покажа двојна предност за владејачката ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски пред опозиционата СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев.
За Петар Арсовски, кој е гласен поддржувач на опозицијата, ова ќе бидат најнеизвесните избори досега. И тој ја потврдува веродостојноста на анкетата како агрегат и бројки но остава простор за појавата дел од испитаниците да не го кажале експлицитно својот став.
Владимир Божиновски вели не очекува поголеми изненадувања на изборите од она што го покажале резултатите и на оваа анкета, зашто сите анкети изминатите две години ја покажувале предноста на владејачката партија и на Груевски пред Социјалдемократите и Заев. Божиновски вели дека она што е неизвесно е разликата со која ВМРО ДПМНЕ ќе победи и на овие избори.
За Петар Арсовски ова ќе бидат најнеизвесните избори досега. И тој ја потврдува веродостојноста на анкетата како агрегат и бројки но остава простор за појавата дел од испитаниците да не го кажале експлицитно својот став.
И двајцата се согласни дека и овие избори уште еднаш ќе ја потврделе поларизацијата на гласачкото тело кон ВМРО ДПМНЕ и кон СДСМ, со што малите партии би се соочиле со мал простор.
И двајцата се согласни дека и овие избори уште еднаш ќе ја потврделе поларизацијата на гласачкото тело кон ВМРО ДПМНЕ и кон СДСМ, со што малите партии би се соочиле со мал простор.
Во анкетата на Брима Галуп направена на барање и објавена во неделникот Република, на Никола Груевски му веруваат 20,8 проценти од анкетираните, додека на Заев 11 проценти. 25,8 проценти се изјасниле за ВМРО ДПМНЕ, 16, 7 за СДСМ доколку изборите би се одржале следната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.