| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа супериорно без загубен гем го освои турнирот во двојки

lina-gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оправда улогата на прва носителка во двојки и заедно со својата партнерка Галина Воскобоева дојдоа до трофејот во двојки на ИТФ-фјучрсот во Валенсија вреден 25.000 долари.

Во финалето Лина и Галина ги совлада шпанско-руската комбинација Алисија Ереро и Ксенија Шарифова, против кои доминираа и ги добија со убедливи 6-0, 6-0. Мечот во кој нашата тенисерка и нејзината партнерка доминираа траеше само 45 минути.

За Ѓорческа, ова е седма титула оваа година во двојки на ИТФ фјучерсите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top