| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапи патики се на светот, а се тотален кич

najskapite-patiki

Атлетик пропалшн лабс, американска марка која станува се попопуларна во светот, ги претстави новите атики, кои во старт ја добија титулата најскапи патики во историјата на производство на патики и привлекоа поголемо внимание од кој било друг модел произведен досега.

Изработени се од крокодилска кожа и потопени во 24-каратно злато, поради што, наводно, ќе траеле вечно.

Креацијата на овој дизајн, како што се истакнува, е резултат на двегодишно истражување.

За цена од 20.000 долари овие патики во моментов се достапни во Дубаи и на сајтот на АПЛ. Меѓутоа, секој чифт се изработува по нарачка, што значи дека не моежте да влезете во продавница, да искеширате и да си заминете со вашите ултраспаки ултракич патики, туку за дваесетте илјадарки ќе треба да бидете и 12 недели трпеливи.

Инаку, овој бренд во 2009 година го основаа близнаците Адам и Рајан Голдстоун, со цел да комбинираат дизајни и перформанси со возија за креирање стока која гои поместува границите на можото и невозможното.
Фокусирајќи се главно на спортска опрема, оваа компанија е позната по својот револуционерен асортиман обувки и додатоци за мажи и жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top