Македонските каратисти запишаа одличен настап во елиминациските борби на ЕТКФ Европското првенство во традиционално карате кое се одржува во Крањска Гора, Словенија.
По вчерашните прелиминирани натпревари, во сениорска конкуренција Дејан Недев обезбеди финале во кати и кумите – поединечно, додека Матеј Ангеловски е во финалето во кати и во кого-кумите. Во женска конкуренција Јадранка Недева се пласираше во полуфиналето во фукуго и кумите за сениорки.
Во јуниорска конкуренција во полуфиналето во кати, ката-тим и кого-кумите место обезбеди Берта Милевска, додека во кадетска конкуренција Мила Саздова денеска ја очекуваат финалните натпревари во кати, ката-тим, фукуго и кого-кумите. Во кадетска конкуренција и Јана Милевска е во полуфиналето во кого-кумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.