Знаете што, јас, сепак, ќе речам дека можам да му честитам на Груевски за трпеливоста. Можеби и јас да сум на негово место ќе бидам толку трпелив, но, да бидам искрен, јас не би бил олку трпелив колку што е Груевски и не би му дозволил олку да се поигрува со волјата на граѓаните, со судбината на државата, да го урива кредибилитетот на институциите во оваа држава, да биде актер во пробивање на безбедносните служби и уривање на кредибилитетот на безбедносните служби на РМ, како и заканите што ги има упатувано кон премиерот и кон останатите функционери, вели претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски во интервју за неделникот Република, одговарајќи на прашањето дали по падот на „чадорот“ е исплатлива тактиката на Заев да продолжи со „глумење лудило“, односно со негирање на се што прави на штета на народот и државата.
-Мислам дека премногу го толериравме и требаше да се дејствува посоодветно на состојбата, односно на ситуацијата. Далеку од тоа дека треба да се дејствува онака како што дејствува Таип Ердоган, но во секој случај треба да се покаже дека сме држава и дека секогаш кога ќе биде загрозена државата и кога ќе бидат надминати некои општи морални, човечки и правни принципи, нема пардон со никого, па кој сака нека биде. Дали бил претседател, премиер, архиепископ, министер, градоначалник, обичен граѓанин, кој сака нека биде. Значи, има линија до каде што може да се оди, до каде што се толерира, натаму мислам дека државата не треба да има пардон. И јас само можам да ги повикам правосудните институции на оваа држава. Мислам дека треба да се апстрахираат од политичките процеси во РМ и треба да си го читаат Кривичниот законик на РМ и да дејствуваат без притоа да потпаѓаат под влијание на амбасадори и на притисоци или на кого било. Секој што го прекршил законот треба да сноси санкции, порачува Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Јакимовски: Откако се одвоив од СДСМ во 2013 година, постојано ми се закануваат со притвори и затвори
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална