| четврток, 6 декември 2018 |

И последната анкета на „Телма“ предвидува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ТВ Телма објави дека според резултатите од нејзината анкета в недела ќе ги имаме најнеизвесните парламентарни избори досега. Анкета спроведена од 20 до 30 ноември, на примерок од 1.800 испитаници, покажува дека разликата меѓу двете најголеми коалиции, владејачката предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и опозициската на чело со СДСМ е намалена за 0,9 проценти, но сѐ уште е во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Минатата недела анкетата на ТВ Телма објави дека разликата на 11 декември ќе биде 4,8 отсто во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а според оваа разликата се стопила на 3,9 отсто.

telma-anketa-site

Од друга страна, на 6 дена пред изборите на 11 декември не се топи разликата меѓу двете најголеми партии, предводнички на двете најголеми коалиции на овие избори. 27,8 рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 отсто за СДСМ, покажува најновата телефонска анкета на Институтот „Павел Шатев“ спроведена во периодот помеѓу 30 ноември и 2 декември на 1090 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија.

pavel-satev-1-5-12-740x462

Убедливо е и водството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, над опозицискиот лидер Зоран Заев. Според анкетата на „Павел Шатев“, во него веруваат 28,3 отсто испитаници, а 50,4 отсто од испитаниците не-Албанци би го избрале за премиер. Од друга страна, на Зоран Заев му веруваат 10,7% од испитаниците, а на премиерскотостолче сакаат да го видат 14,1 процент не-Албанци.

pavel-satev-3-5-12-740x269

pavel-satev-2-5-12-740x444

Според анкетата на „Телма“, спорведена по изборни единици, но не и по поединци, во четвртата изборна единица, каде што носители на листа се токму лидерите на најголемите партии, Никола Груевски и Зоран Заев, разликата изнесува само два проценти во корист на Груевски.

telma-anketa-ie-4

СДСМ не верува во анкети и анкетата на „Брима галуп“, изработена на барање и во соработка со неделникот „Република“, спроведена во периодот од 11 до 17 ноември 2016 на примерок од 1006 испитаници на возраст над 18 години е некредибилна, смета опозициската партија, иако и анкетата нарачана од „Телма“, која беше објавена 8-9 часа по анкетата на „Република“ го покажува истото – убедливо водство на партијата на Никола Груевски, владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ десет години ги лаже граѓаните, им фрла прав во очи и ја злоупотребува власта и затоа секоја анкета која што доаѓа од нив не е кредибилна“, стои во кусото соопштение на СДСМ, реакција која е и разбирлива со оглед на тоа што од разоружаната партијата се очекува да дематира, а факти нема.

Дури и опозициската „Телма“, која скокна напомош, не може да ја канализира лажната еуфорија на опозициската коалиција. Народот многу добро се сеќава дека опозицијата на секои избори влегува во предизборен транс, од кој се буди со насолзени очи.

pendarodvski-vodime-na-site-anketi

На минатите парламентарни и претседателски избори, во 2014 година, истата таа опозиција, која денес не верува во анкетите, мантраше „Водиме на сите анекти“, а тоа водење ја одведе во понор.

Јавноста ја памети изјавата на тогашниот кандидат за претседател на опозицијата, Стево Пендаровски, кој во екот на кампањата во 2014 година се бодреше себеси со тие зборови.

Во овој момент опозицијата води на сите анкети, победата се ближи, изјави Пендаровски на 7 април, а потоа доживеа катастрофален пораз од Ѓорге Иванов со 140.000 гласови разлика. Граѓаните силно го демантираа Пендаровски пред две години, исто како што и сега ќе го демантираат и него и целото раководство на СДСМ.

Според анкетата на „Брима галуп“, убедливо е водство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ кај македонското гласачко тело на нешто повеќе од 2 недели пред изборите. Поголем дел од гласачите во земјава би гласале за ВМРО-ДПМНЕ – 25,8 проценти. За СДСМ се изјасниле 16,7 проценти. Ваков е одговорот на испитаниците на прашањето Ако учествуваат сите партии за која партија би гласале доколку следната недела се одржале нови парламентарни избори?

chart-02-partii

Доколку се издвојат одговорите на Македонците што биле дел од ова испитување на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ повторно е во значителна предност пред СДСМ. 35,9 отсто се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6 отсто за СДСМ.

И опозициската „Телма“ не можеше да ја заташка огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ кај Македонците. Резултатите до кои дошла телевизијата, а нои неспорно ги потврдуваат резултатите на „Брима галуп“ – Македонците во поголема мера би гласале за ВМРО –ДПМНЕ 31,6% од колку за СДСМ 23,1%.

anketa_telma-25-11-2016

Оваа анкета, е работена по истата методологија од 2014 година, според која авторот на оваа анкета Сашо Клековски и неговиот институт промашија за половина. Тогаш предвидувањата беа исти како и годинава – ВМРО-ДПМНЕ едвај ќе победи, со минимална разлика од 5,2%, но партијата на Груевски победи со речиси 11%. Имајќи ги предвид анализите на Клековски, годинава „минималната“ победа на ВМРО-ДПМНЕ би изнесувала 10%, односно 160.000 гласови. Тоа е несомнено убедлива разилика.

anketa-telma-2014

Анкетата од 2014, според која ВМРО-ДПМНЕ води само 5,2%, а победи со речиси 11% разлика

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top