Прасе старо четири месеци, еден „опел кадет“ со параќински таблици паркиран на улицата „Пушкинова“ во Ниш, Србија го кренаа градот на нозе, откако граѓаните пријавиле дека животното четири дена е затворено во автомобилот.
Во акцијата на нишката полиција, пожарникарите, комуналците и активистите прасето било ослободено и веднаш префрлено кај ветеринар.
– Граѓаните забележале дека прасето е затворено во автомобилот четири дена. Прво помислиле дека е тука за кратко, вториот ден веќе било необично, а третиот и четврти ден веќе било алармантно. Полицијата и пожарникарите го отвориле автомобилот во консултација со основното јавно обвинителство – велат од здружението „Зоопланета“.
Животното било исцрпено, под голем стрес, дехидрирано и изгледнето. Имало висока температра и почетен стадиум на воспаление на белите дробови.
Ако се јави сопственикот ќе биде поднесена пријава за неадекватен транспорт и занемарување на животното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.