Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница констатираше дека во досегашната предконгресна процедура, до Кандидациската комисија, во согласност со Статутот и со правилникот, доставени се четири уредни кандидатури, на Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и на Кире Наумов, за нов лидер на СДСМ.
Во рамките на расправата по оваа, произлегло дека Заев, Јовановски и Ивановски во своите програми имаат доставено приближно компактибилни концепти.
„Овие кандидати изразија подготвеност заради поуспешен конгрес, да вложат значителен ангажман во наредните неколку дена, за да се направи приближување и усогласување на концептите, а преку таквиот позитивен пристап, што е можно повеќе да се намали бројот на кандидати за претседател на СДСМ“, информираат од најголемата опозициска партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



