17 полициски станици, 9 затвори и 3 психијатриски болници се дел од мониторингот на Народниот правобранител. Без тектонски пореметувања и речиси сличен на минатиот извештај- нотирани се пропусти кај работата на полицијата, лоши услови во затворите, пренатрупаност но и неисполнувањето на минималните стандарди. Обдусманот забележал дека во една ќелија се сместуваат и по пет лица а санитарните јазли се далеку под стандардите.
И во психијатриските болници условите за сместување биле несоодветни, но бил започнат процес на реконструкција. Недостасувал и кадар потребен за лекување. Народниот правобранител соопшти дека имал непречен пристап и увид во документацијата на јавните установи, но некои од министерствата како она за здравство не одговорило на ниедно прашање, а со МВР одржувале редовно состаноци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



