| четврток, 6 декември 2018 |

Сакаше да им се одмазди на папараците, па покажа колку е згодна!

ket

Секој би се налутил, ако види свои слика на интернет објавени без дозвола. Иако познатите би требало да се навикнат на папараците, кои често ги демнат од некој агол, понекогаш тие не можат да го прикријат своето незадоволство. Овој пат во костим за капење на плажа беше фатена Кетрин Зета-Џонс

Лута поради тоа, 47-годишната актерка одлучи да “влезе во играта на папараците” со сопствени кадри по капењето, направени од нејзиниот сопруг Мајкл Даглас.

Таа ја објави сликата на својот профил на “Инстаграм” со порака до папараците: “Погледот оттука секогаш е подобра”.

ketrin

Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се во Мексико по повод Денот на благодарноста.

Тие го поминаа празникот со двете деца и таткото на актерот – легендата на американското кино Кирк Даглас, кој во декември ќе наполни 100 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top