Актерот Мајкл Даглас отворено прозборе за тоа како тој и неговата сопруга, актерката Кетрин Зета Џонс го обновиле бракот.
Актерскиот пар е заедно веќе 16 години, а како и сите парови и тие имале падови.
Пред неколку години тие се разделија на извезно време, но сепак успеале да го обноват бракот и да бидат посилни од било кога. Заедно поминале низ многу тешкотии како борбата на Даглас со ракот на грлото и борбата на Кетрин со бополарното пореметување.
Мајкл (70) објаснува како успеале да ги надминат тешкотиите.
-Двајцата се трудевме. Пред три години беше најтешко, но не се откажавме. Ако едната страна се откаже, невозможно е да се спаси врската. Сега сме поблиски и нашата врска е посилна. Двајцата сме попаметни и флексибилни, изјавил актерот.
Кетрин и Мајкл имаат две деца, синот Дилан и ќерката Сајрус. Кога се запознале во 1999 година Даглас наводно веднаш и рекол дека сака да биде татко на нејзините деца.
И покрај разликата од 25 години, нивната љубов ги победила сите препреки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.