| четврток, 6 декември 2018 |

На трибина во Штип презентирани новите проекти за спортот од програмата „Реално“

stip

Во Штип денеска кандидатите за пратеници во третата изборна единица, Никола Мицевски и Трајче Димков, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, одржаа трибина посветена на новите проекти од изборната програма „Реално“ и за измените на Законот за спорт што се однесуваат на финансирањето на спортот.

Тие пред спортските работници од Општина Штип го презентираа и образложија проектот „Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК“.

stip2

Потенцираа дека со овој проект е од огромно значење за развој на спортот во Република Македонија. Односно со овој проект се дава можност на секоја компанија да финансира во спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК, за што ќе добијат ослободување од данокот на добивка.

stip3

Нагласија дека ова е само еден од многуте проекти кои е превиден во новата програма од областа на спортот,  а кој ќе допринесе за развој на спортот и ќе биде од огромно значење за сите млади.

stip4

Спортските работници од Штип истакнаа дека овој и останатите проекти кои се предвидени во новата програма, ќе бидат од огромно значење за развој на спортот и спортските клубови и дека ваквите вложувања ќе и донесат нови спортски успеси на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top