
За сега непознато лице некол купати пукал од пиштол во центарот на Гостивар, во близина на малиот парк. Случајот го потврдија од полицијата, но деталите се уште не се познати, пишува Гостивар пресс.
Според првичните информации од портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски пукањето било пријавено во ПС Гостивар во 16.20 часот по што на местото веднаш била испратена полициска екипа. При увидот биле пронајдени неколку чаури испукани од пиштол.
Сега за сега нема пријава за повредени од инцидентот. Се работи на утврдување на поединостите, кој и зошто и кон кого пукал со пиштол среде Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


