Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Влатко Ѓорчев денеска прстојуваше во општина Маврово – Ростуше и посети неколку долнорекански села.
По средбите со граѓани и посетата на неколку компании кои работат во ова подрачје, Ѓорчев најави целосна реконструкција и нов асфалт од Гостивар до Кичево.
Тоа значи, нагласи тој, дека со тој нов асфалт и целосна реконструкција на постојните мостови, уште полесно од Скопје ќе се стигнува до Маврово.
– Уште еден клучен проект за овој регион е технолошко-индустриската развојна зона Маврово – Ростуше, зад која ќе стои државата за повеќе инвестиции, за повеќе вложувања во овој крај. Проектите се видливи – многу регионални и локални патишта, локални проекти, но сакаме уште повеќе. Цврсто стоиме зад општината зашто ваква општина Маврово-Ростуше е најдобар сервис на граѓаните, додаде Ѓорчев.
При посетата на неколку рекански села со Ѓорчев беа и градоначалникот Мукрем Мехмеди и претседателот на оппштинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Фуад Черкези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ѓорчев до СДСМ: Кои се тие „европски вредности“ со 50.000 наполнети ливчиња?(видео)
-
Ѓорчев: Владата покажува дека сака решение за името по секоја цена!
-
Ѓорчев: Гласачите на СДСМ се изневерени, владата на Заев не ги исполнува ветувањата
-
ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе 70 амандмани и бара мнозинството да го повлече законот за јазиците