Аргентинската фудбалска легенда, Диего Арманско Марадона, вчера околу 23 часот слетал на аеродромот во Загреб каде пристигнал за да го гледа финалето на Дејвис купот. Тој бил во придружба на неговата девојка Олива Росио, а веројатно мислел дека заради доцното пристигнување, ќе остане незабележан од медиумите, што не било случај.
На аеродромот го дочекале група негови фанови и неколку новинарски екипи, кои побарала изјави од Марадона. Но тој бил видно револтиран и одбил било што да им одговори.
– Не ме прашувајте ништо. Нема да ви дадам никакви изјави затоа што сте вакви. Ме дочеквате тука со Росиа како да сум некаов идиот. Не сум заслужил ваков однос. Да бевте организирани ќе ви дадев изјава. Вака нема ништо, револтирано рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)