Македонскиот голгетер Илија Несторовски е главна цел низ медиумите во Италија. Напаѓачот игра во страшна форма, Палермо не размислува на продажба, но ако е итно – тогаш Маруцио Зампарини, претседателот на клубот од Сицилија, е подготвен да го продаде за сума многу повисока од таа што ја плати за да го донесе.
Италијански „Медиагол“ вели дека Зампарини е подготвен да седне со тимовите на преговарачка маса за Несторовски, но само ако тие добро платат. Според првиот човек на Палермо, Несторовски сега вреди околу 20 милиони евра или дури четириесет пати повеќе од сумата што ја плати за да го донесе. Македонецот во Палермо пристигна од Интер Запрешиќ за само 500.000 евра.
Несторовски во Серија А има постигнато седум гола, а негов нареден предизвик ќе биде екипата на Лацио, против која тимот од Сицилија игра овој викенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот