фото: А1он
На Споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово се испишани графити – „балисти”. Овој споменик постојано е цел на вандали кои и досега испишуваа секакви погрдни зборови.
Од полицијата за порталот А1 он кој ја објави информацијата потврдуваат дека споменикот е нагрден и велат дека се преземаат соодветни активноти за откривање на сторителите.
Според тетовската полиција, како што јавува порталот, низ Тетово биле лепени плакати со контроверзна содржина поврзана со натпреварот Тетекс – Шкендија кој во среда ќе се игра во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


