Водителката Сузана Манчиќ гостувала во утринска емисија, чијашто домаќинка е сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јелена, во друштво со жена која се залага за правата на животните.
Двете гостински се фатиле за гуша за носењето крзно. Девојката од здружението била одлучна дека не треба да се носи природно крзно и дека луѓето што носат се убијци на животни, а Сузана имала сосема спротивен став.
– Тоа значи дека Сузана е убиец? – прашала водителката Јована Јоксимовиќ.
-Да, така е – од топ одговорила девојката.
Но, Сузана не се откажувала од своите бунди и во ниту еден момент не го поддржала ставот на девојката.
-Не се чувствувам како убиец, не се чувствувам како нецивилизаирано суштество затоа што носам бунда. Не сум толку сентиментална кон животните и нема да ме разубедите колку и да сте добро подготвени за овој разговор – рекла Манчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)