| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца кажа дека ќе го убијат Аркан, но никој не и поверува! (Видео)

Во средата на 12 јануари 2000 година, три дена пред убиството на Аркан, Светлана Цеца Ражнатовиќ беше гостинка во Максовизија, мега популарната емисија, каде во публиката седел и нејзиниот сопруг.

ceca-1-640x407

Тој се смешкал и повремено упатувал некој коментар. Бил во црна кожна јака, се фотографирал и постојано бил насмеан.

Кобната сабота не ни помислувал што ќе му се случи. Тој ги обожавал саботите и тогаш си дозволувал да поспие некој час повеќе. Иако бил на диета си допуштил богат појадок со семејството, со француско сирење, бибер и лук, а потоа Цеца отишла да се најде со сестра си Лидија, а тој отишол да заврши свои обврски.

Последно е виден како пие капучино, купил дневни весници и тргнал на ручек со својот затемнет џип и телохранителите, во хотелот. Се сретнал со пријател, седнал да јаде, и нарачал торта, кога почнало пукањето. Аркан веднаш бил убиен.

Чудно е тоа што при гостуввањето на Цеца во емисијата Максовизија, само три дена пред убиството, се јавила гледачка и рекла, Аркане земи си сако, горе е студено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top