| четврток, 6 декември 2018 |

Марадона дојде во Загреб и веднаш се скара со новинарите (видео)

maradona

Големиот Диего Армандо Марадона утрово пристигна во Загреб, како уште еден навивач на аргентинската репрезентација во Дејвис-куп. Тој беше пречекан од многу новинари и симпатизери, но не беше многу зборлест пред хрватската јавност.

Диего заедно со неговата придружничка дојде во Хрватска  од Обединетите Арапски Емирти и доби апартман во истиот хотел каде што се и тенисерите на Аргентина. И покрај инсистирањето на новинарите од Аргентина и Хрватска, Марадона не зборуваше за јавноста по пристигнувањето. Подоцна Марадона за пропустот при пречекот изјави:

„Добро патував, но ова е неред. Вака нема да говорам. Дојдоа пред мене и пред Росио и ме третираа како идиот. Не заслужив така да се однесуваат пред мене. Подобро да се организираа, ќе зборував пред нив, но вака нема да зборувам“.

Се очекува во дрес на Аргентина најголемиот идол на нацијата да навива за Делбонис и Дел Порто уште денес на првиот ден на финалето во загрепска „Арена“.

maradona-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top