Изборот на политичкиот систем е право и одлука на народот, луѓето што живеат во територијалната и многуфункционална заедница, каква што е нацијата. Токму затоа што народот во политичкиот систем е субјект.
Изречно или како прикриена цел, во ова време, се проблематизира унитарниот карактер на државата. Заложувајќи се за нејзин граѓански облик како „релевантен“ во современиот либерален капитализам. Унитарниот карактер на државата притоа се подразбира како национална држава според кој концепт државата и нацијата се поклопуваат. Се укажува дека во националната држава се спроведува монистички избор на идентитетите на поединците односно дека изборот е еден, така што не е овозможена слободата на различните идентитети. Се укажува дека концептот е надминат бидејќи е политичка практика од минатите векови. Дека е надминат и филозофски бидејќи произлегува од метафизиката, според која природните права се дефинирани откога еднозначно се изучени битието на човекот и неговите потреби.
Според критиката, граѓанскиот облик на уредување, спротивно, го возможува вистинскиот плурализам. Тоа е обликот на државата кој овозможува индивидуален избор на идентитет, (кој што може и да го менува), затоа што во него, на уставно ниво, само на формалноправен начин се искажани универзалните граѓанските права. Значи дека се набројани правата за еднаквост, праведливост, право на вероисповест, слобода на совеста, културна припадност и други. Бидејќи граѓанскиот облик на општественото уредување е неспоив со групното создавање на идентитет и признавањето на малцинските права е кршење на таквиот принцип, признавајќи групен идентитет (ethnos). Како таков станува причина за нефункционалност на заедницата. Концептот за граѓанска држава негира, затоа било каква етно-културната релација и врзе базиран индивидуални права на избор како вистинска слобода.
Според овој концепт плуралитетот на идентитетите на поединците не се овозможува ниту во мултикултурното општество во кое правата, исто така, лежат врз групна основа.
Ваквиот пристап, меѓутоа, отвора пошироки прашања. Имено, дали може да се напушти филозофската поставка за народот како историска нужност и реалитет. Дали нацијата како политичка заедница на народот со политички средства има мисија да ја овозможува афтентичноста на народот како етнос, неговиот јазик и култура, да го штити неговиот суверенитет и да го унапредува неговиот развој. Во исто време кога во националната држава, во која е претпоставена нацијата по дефиниција како политичка заедница, народот е, исто така, граѓанство (плебс) кое поседува супстанцијално дефинирани права.
Имено, поставките за слободите, слободата на народот (граѓанство
то=плебс) од државата, од политиката, одвојување на црквата од државата (секуларизација), правото на изборот на националната припадност, слобода на мислење, политички избор, кои, како поставки на просветителството, се преточуваат како права во Декларацијата за правата а човекот во Француската револуција, кога и се создаваат политичките принципи на организацијата на општеството.
Потребно е да се каже дека во денешното општество, во времето, како што се вели, на преломот од нововековното во постмодерното време концептот на националната држава не е напуштен. Светската организација е именувана како организација на обединетите нации, а прифаќањето на Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот е услов за членство. Врз основа на вака декларираните права се донесуваат конвенциите за заштита на малцинствата, за јазиците и нивната заштита од страна на нејзините истурени организации како и на други регионални сојузи. Концептот на национална држава како и за мултикултурно општество лежи во основата и на Европската унија.Таа тежнее да прерасне во заедница на народите.
Претседателот Доналд Трамп, навестувајќи ги промените во надворешната политика на САД, сосема добро ја разбра потребата за либерализација во меѓународните односи и признавањето на правото на државните заедници за сопствен развој. Како и, врз основа на нивната автохтоност, да се поврзуваат со другите држави и народи. Затоа што увезувањето на политички системи од една во друга земја не само што го руши правото на избор на народот туку е и непродуктивен.
Бидејќи изборот на концептот на државното уредување произлегува од потребата народот го врши за да разреши проблеми во сопствениот развојот и во таа смисла да ја уреди како најфункционална политичката организација.
Дотолку повеќе што изборот на унитарниот карактер на државата е неминовност во наши услови кога се проблематизира интегритетот на народот неговата автентичност, јазикот и држава. Па претензиите кон неговото разнебитување одат во правец на рушење на интегративните принципи какви што се правото на македонскиот да биде официјален јазик и самиот унитарниот карактер на државата. Па, оттаму, не може да има дилеми околу определувањето на македонскиот народ за концептот на унитарниот карактер на државата и правото на македонскиот јазик како официјален. Во исто време, кога на малцинствата им се гарантираат правата врз основа на концептот на мултикултурното општество.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.