Една жена е убиена во заложничката драма во домот за стари лица во Монпелје, на југот на Франција. Вооружениот напаѓач, кој држеше како заложници 70 католички монаси, е во бегство, а нападот не се води како терористички.
On scene photos emerge Montpellier #France Attack. Reportedly two dead. Hostages taken. Search for gunmen. Developing/Ongoing ( #Terror ? ) pic.twitter.com/FT4Eq3l4cH
— 🎞 (@PhConstatini) November 24, 2016
Полицијата го зазела домот и сите монаси се спасени. Ројтерс јавува дека не се работи за терористички напад, но мотивите на напаѓачот засега не се позјати.
Гардијан наведува дека за идентитетот на убиената жена постојат спротивни информации, според едни била домарка во домот, која успеала да ја повика полицијата пред напаѓачот да ја убие со нож, но има и информации според кои домарката била врзана, но успеала да избега, а убиена е некоја друга жена.
#montferrier Les services de secours continuent à arriver sur les lieux. pic.twitter.com/rUPRMFr7AH
— Métropolitain (@eMetropolitain) November 24, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.