| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка драма во Монпелје: Вооружен напаѓач држи 70 монаси, има и мртви

Најмалку едно лице е убиено откако маскиран напаѓач вооружен со нож и пиштол или пушка упаднало во старечки дом на југот на Франција, во кој живеат околу 70 католички монаси,

Нападот се случил во близина на Монпелје, а мотивот на насилникот се уште не е познат. Според непотврдени ингформации, напаѓачот ги држи станарите на домот како заложници.

На местото на настанот пристигнаа полициски специјалци кои настојуваат да ја окончаат кризата. Локалните медиуми известуваат дека во домот се сместени монаси од африканските држави. Овој напад се случува само неколку месеци откако терористите од Исламската држава во една нормадиска католичка црква ликвидираа свештеник. Нема податоци дали и овој напад се смета за терористички.

Во Франција од минатогодишниот терористички напад во Париз на сила е вонредна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top