Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и на англиската фудбалска репрезентација и сегашен играч на ПСЖ, Дејвид Бекам, објави дека на крајот на оваа сезона се повлекува од активното играње фудбал.
Тој богатата кариера ја завршува во тимот од Париз, каде дојде во зимскиот преоден рок и го одработува шестмесечниот договор.
Од управата на тимот му било понудено да го продолжи договорот на уште една година, но тој одбил.
Кариерата ја започна во тимот од Манчестер, каде на 14 години неговиот потенцијал и талент го забележал Алекс Фергусон.
– Да ја почнеш кариерата во Манчестер, да бидеш негов капитен, да играш во најголемите клубови во светот и да настапиш 115 пати за репрезентацијата на Англија е сон на секој фудбалер. Јас тој сон го остварив. Чуствувам дека ова е вистински момент за завршување на кариерата – изјави Бекам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бекам објави фото со Харпер, јавноста збесна (фото)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)