| четврток, 6 декември 2018 |

Загинати и ранети во пукотница во Кентаки

Најмалку две лица загинаа, а уште четворица се ранети, по пукотнициите кои се случија за време на традиционалниот меч во американски фудбал во Кентаки, САД, по повод на Денот на благодарноста, според полицијата на Луивил, пренесува Си-Ен-Ен.

Оружениот напад бил за време на годинашниот „Џус боул“, кој го исполнува паркот „Шони“ со деца и со нивните родители, за серијалот на празнични натпревари во американски фудбал, за најмладите.

Осомничените се во бегство, а уште не се познати нивните мотиви за нападот, според информации од локалната полиција.

Ранетите, кои се пренесени во болница, не се во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top