Илија Димовски, носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, оствари средби со граѓаните на Делчево и најави многу нови капитални проекти и нови регионални и локални патишта со кои што ќе им се подобри животот на граѓаните од Делчево и регионот. Димовски во оваа прилика истакна дека ќе се врши рехабилитацијата на патот Кочани-Македонска Каменица – Делчево, а најави и изградба на локалниот пат Делчево – Тработивиште.
Тој исто така додаде дека ќе се реконструираат и регионалните патишта Делчево-Ѕвегор и Виница – Бигла, кои ќе бидат од огромно значење за сите граѓани од овој регион, а воедно го потенцираше и значењето на автопатот кој што веќе е во фаза на изградба Миладиновци – Штип.
Димовски пред граѓаните на Делчево најави многу капитални проекти, како нова детска градинка, магистрален гасовод Разловци – Делчево и изградба на многу канализациони и водоводни мрежи.
Тој во оваа прилика го потенцираше значењето на проектот Рурални развојни зона со кои што ќе бидат опфатени голем број на населени места околу Делчево преку кои ќе се отворат нови фабрики и нови работни места.
На средбата присуствуваа голем број граѓани кои истакнаа дека се против погубните политики кои што ги слушаме од страна на Зоран Заев и СДСМ, како двојазичност и федерализација на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар