СДСМ не го прифаќа предлогот професорот Владо Камбовски да биде претседател на ад-хок комисијата за настаните пред и на 24 декември во и пред Собранието на Република Македонија, за што, како што соопшти, неколку пати се има изјаснето во разговорите за формирањето на комисијата.
– Предлогот за претседател на Комисијата за истражување на настаните околу 24 декември треба да го даваат наизменично претставниците на политичките партии, ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ. Владо Камбовски со тоа што бил министер во влада предводена од ВМРО -ДПМНЕ не гарантира дека неговиот ангажман во комисијата ќе биде објективен и непристрасен. За ваквите ставови, за овој конкретен предлог СДСМ во неколку наврати се има произнесено во разговорите за формирањето на комисијата, се наведува во соопштението од СДСМ.
Во врска со конструктивноста и целосната посветеност што побрзо да се формира оваа Комисија СДСМ, се посочува, во разговорите, меѓу другите, го предложи и советникот во Кабинетот на претседателот и потписник на иницијативата за негово кандидирање на претседателските избори во 2009 година, професорот по уставно право Светомир Шкариќ, кој ВМРО-ДПМНЕ го одби.
СДСМ обвинува дека претседателот Иванов, како што се наведува во соопштението, свесно или несвесно зазема страна и презема улога која според политичкиот договор од 1 март воопшто не му припаѓа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.