| четврток, 6 декември 2018 |

Цело село ги претвори во милионери: директорот на Корона им го остави наследството

Сите 80 жители на шпанското село Серазалес дел Кондадо туку што станаа милионери. Но не се добитници на големото лото, туку затоа што тоа е родното место на Антонино Фернандез. Така секој жител во селото добил околу два милиони долари.Тој во 1949 година емигрирал во Мексико, на свои 32 години и достигнал да биде директор на одборот на Групо Модело, пивницата која го произведува пивото Корона.

-Ние никогаш претходно не сме имале пари. Не знам што ќе правевме без Антонино- вели сопственикот на локалниот бар за медиумите.

Откако на 14 години го напуштил школувањето бидејќи немал пари за учење. Откако се оженил, заминал за Мексико каде се вработил во пивницата. Откако во 1972 година влегол во управниот одбор успеал во подемот на Корона не само во Мексико, туку ова пиво стана популарно во цел свет. Само во САД извезува пиво за 693 милиони долари годишно.

Фернандез никогаш не го заборавил своето родно место и дури бил одликуван од поранешниот шпански крач Хуан Карлос за неговите хуманитарни дела.  Селото исто така сега добива и нов културен центар, платен од него, а локална непрофитна фондација со 300 вработени исто така ќе има бенефит.

Фернандез починал годинава, на 99 години, како милијардер. Во својот тестамент оставил 169 милиони на жителите на Сезарелес, селото во провинцијата Леон, каде бил роден во голема сиромаштија заедно со своеите 12 браќа и сестри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top