| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го исфрли македонското знаме во настапите (ФОТО+ВИДЕО)

Постепено, албанското го заменуваше местото на македонското знаме, а сега СДСМ целосно го исфрли од своите настапи. На претставувањето на кандидати за ИЕ 2, се вееше само албанското знаме. Место за македонското знаме на митинзите и мини митинзите на СДСМ повеќе нема.

Ова не е прв пат СДСМ на ваков начин да ги маргинализира македонските национални симболи.

sdsm-cair

Oткако Зоран Заев ја најави и ја промовираше идејата за федерализација и двојазичност на Македонија, а продолжи да ги промовира и понатаму во своите јавни настапи, албанските знамиња и јазик започнаа да се појавуваат најпрвин во штабовите на СДСМ.

sdsm-albanci-5

Aлбанското знаме постепено почна да го зазема централното место, место кое по сите протоколи е задолжено за македонското знаме. Од СДСМ немо одобруваа и насмеани се сликаа пред него.

sdsm-albanci

Исто така,  опозицискиот лидер Зоран Заев кој отворено се залага за двојазичност на целата територија на Република Македонија подметна албанско знаме на прилепчани на премиерниот митинг на опозициската коалиција за изборите закажани на 11 декември. Градот херој возврати со бојкот и слаб одѕив на собирот.

sdsm

Срамно и недозволиво за човек кој претендира да биде премиер на Македонија, како и за партија која претендира да ја земе Власта, да покажува вакво непочитување кон државните симболи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top