Актуелниот италијански шампион Јувентус сака да ја засили одбраната со искусен дефанзивец, а погледите се насочени кон Бранислав Ивановиќ од Челси, чиј договор со „сините“ истекува на крајот од сезоната.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ не планира да ја продолжи соработката со српскиот играч, а Јувентус е подготвен да му понуди плата од 2.3 милиони евра годишно, што е сепак за еден милион помалку од неговите моментални примања во Челси.
32-годишниот Ивановиќ настапува за Челси од 2008 година, одигра повеќе од 300 натпревари и освои девет трофеи во сите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.