Пет деца одат на училиште, па за нив е потребен училиштен прибор и хигиенски средства до кои сè потешко се доаѓа. Сега се потстанари, но не плаќаат кирија.
– Сепак има надеж за ова семејство да има свој покрив над глава – велат од општината.
Во семејството Кокиќ најстарата ќерка има 13 години и заедно со нејзината мајка таа го носи најголемиот товар.
– Се грижи за нив, ги носи на училиште, помага околу домашните задачи и покрај сето тоа е одлична ученичка – вели Надежда Ристановиќ, психолог во основното училиште „Свети Сава“ од Брод.
На семејството Кокиќ им помагаат и професорите од училиштето. Почнале акција за петте основци и обезбеден им е по еден обрек дневно во училиштето.
Сепак сонуваат за свој покрив над глава.
Најтешко е да се дојде до пари, бидејќи кога и да работиш некоја чесна работи обично ја работиш за минималец. Затоа работам така сè, од цепење дрва до копање канали – раскажува оваа самохрана мајка.
– Сакам само моите деца да имаат свој дом – вели Билјана. Семејството добива 250 км месечно детска заштита поради двете деца со пречки во развој.
Од општината и Министерство за бегалци и иселеници договориле на ова семејство да му се изгради стан од 80 квадратни метри.
– Во рамки на станбена зграда, една станбена единица со најголема површина ќе припадне на семејството Кокиќ – вели Гордана Брковиќ Вујиќ, директорка на Центарот за социјална работа.
Изградбата на дом за семејстовто Кокиќ би требало да почне в година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)