Рики Мартин го запроси своето момче Џван Јозеф, по повеќе од една година врска. Четириесет и четиригодишниот пејач откри сѐ за својот свршеник гостувајќи во емисијата на Елен Деџенерис, призна дека е вљубен и дека се препотува кога треба да зборува за љубовта на неговиот живот.
– Се вика Џван ,тој е концептуален уметник, а јас сум колекционер. Барав некои уметнички дела, го видов неговиот труд и полудев, бидејќи многу ми се допадна она што тој го прави. Навистина е оригинален… Штотуку се свршивме! Сега се препотив – изјавил Рики Мартин за своето момче.
Латиноѕвездата призна дека бил нервозен кога го запросил Џван.
– Клекнав на колена и извадив мала метална кутија. Ја обложив со виолетово кадифе, и наместо да го прашам: „Дали сакаш да се венчаш со мене“, реков: „Ти купив нешто. Толку лошо“ – го опишал Рики запросувањето и додал: „Тој тогаш рече: „Да“, а јас признав: „Сакам да го поминам животот со тебе“ и продолжив да зборувам и дури по половина час сфатив дека тој, всушност, се согласил“.
Рики исто така додал и дека Џван е многу возбуден што ќе им биде очув на осумгодишните близнаци на пејачот – Матео и Валентино. Рики Мартин претходно беше во врска со економистот Карлос Гонзалес Абела, со кого се раздели во 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)