| четврток, 6 декември 2018 |

Влетал со автомобил во црква и гол викал пред олтарот (ВИДЕО)

Еден Мексиканец по име Педро предизвика вистински хаос во една црква во Мексико, откако со неговиот „Фолсваген“ влетал во верскиот објект, излегол од возилото целосно гол, застанал пред олтарот и почнал да вика на цел глас.
Бизарната сцена стана уште побизарна во моментот кога почнал да се моли пред големиот крст, додека до него стоело куче, за кое не се јасно чие е.

Локалните медиуми пренесуваат дека мажот бил под влијание на опојни дроги, а во инцидентот за среќа била оштетена само вратата на црквата.

-На интернет се појави информација дека тој се обидел да прекине венчавка, но тоа не е точно. Тој има сопруга и семејство. Венчавката навистина се оддржа, но нешто порано и помина без никакви проблеми, рече свештеникот од црквата Хозе Рефугио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top