| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: 33 милиони евра за набавка на медицински апарати, во Куманово ќе се гради нов Ургентен центар

Со мега проектот „Набавка на медицински апарати“ од програмата „РЕАЛНО“  на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опфатена и  општата болница во Куманово. За сите здравствени установи во државата е предвидено е набавка на медицински апарати во вредност од 33 милиони евра од кои само 900 илјади евра ќе се вложат во кумановската болница. Ова денеска го најави Никола Тодоров, носител на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ 2.

– Во рамки на овој проект предвидено е помеѓу другите апарати набавка на нов мамограф со кој што ќе се замени стариот кој е стар веќе 30 години и е дотраен и аналоген. Со нов дигитален мамограф кој што ќе биде ставен во функција на сите жени во Куманово и во поширокиот регион имајќи во предвид дека ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените. Во рамки на овој огромен проект за набавка медицинска опрема ќе се набават и други апарати како дигитални рендгени, повеќе типови на ехо апарати, опрема во делот на гинекологијата, колоноскопија итн. Опрема која што беше побарана од страна на сите одделенија  во рамки на општата болница во Куманово, опрема која што е неопходна за сериозно подигнување на квалитетот на услуги што се даваат во оваа здравствена установа, рече Тодоров.

Посочи дека во Куманово наскоро ќе започне и изградбата на нов ургентен центар, за кој веќе процедурите се завршени.

Тодоров најави дека во општата болница во Куманово ќе се реконструира и одделот за физикална терапија по примерот на неодамна реконструираниот одел за физикална терапија во ГОБ „8 септември“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top